Достапни линкови

ЕУ денеска треба да објави список на безбедни земји од ковид-19


илустрација

Европската унија денеска треба да објави список на земји безбедни од ковид-19 каде што може да се патува или нивните граѓани да влегуваат во Унијата. Официјални претставници на ЕУ подготвуваат список од 15 земји што се безбедни за отворени граници засновано врз епидемиолошки критериуми. Европската комисија претходно овој месец препорача постепено отворање, почнувајќи од 1 јули и предложи граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ во Западен Балкан да можат да патуваат во ЕУ.

Кои се критериумите на ЕУ за влез на патници од други земји?

Но, земјите членки се борат да изнајдат цврст и кохерентен список на земји чии државјани треба да ги поздрави Унијата. Првично предложениот список вклучуваше 47 земји од целиот свет, како и 7 европски држави - Босна, Грузија, Црна Гора и Србија, плус трите микро држави Андора, Монако и Ватикан.

XS
SM
MD
LG