Достапни линкови

„Денот на Баба Марта“ меѓу десетте најдобри Европски приказни


„Денот на Баба Марта“ на ХАЕМУС

Проектот „Денот на Баба Марта“ на ХАЕМУС е избран меѓу десетте најдобри Европски приказни во рамките на повикот „Приказни за европското културно наследство“, поддржан од Европската комисија и Советот на Европа, а во рамките на програмата „Европски денови на културното наследство“, соопшти тимот на ХАЕМУС.

„Условите да се биде дел од повикот 'Приказни за европското културно наследство' се строги. Покрај многу други категории, една од најважните ставки е дека една граѓанска организација мора да има претходно организирано барем еден голем јавен настан во последните три години. Тој настан е пожелно е да биде координиран, евалуиран и реализиран во рамките на националната програма за „Европските денови на културното наследство“. Подоцна, при аплицирањето, целта на приказната е да се претстави и сподели македонското културно наследство, какодел од заедничкото европско - културно наследство“, велат од ХАЕМУС.

„Денот на Баба Марта“ е создаден од ХАЕМУС за да ја поддржи мултинационалната апликација „Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт “ во УНЕСКО, со цел зачувување, презентација и популаризација на обичајот „Мартинки“.

XS
SM
MD
LG