Достапни линкови

Се превртел траект кај Дака, најмалку 29 загинати


Илустрација

Најмалку 29 патници загинаа во близина на Дака, откако се превртел траектот со кој патувале, соопштија официјални лица, пренесе АП. Два часа откако траектот се првртел во реката Буриганга, пронајдени биле 15 тела, соопшти Управата за воден сообраќај.

Нуркачи на морнарицата, пожарникари и службите за цивилна заштита го лоцирале потопениот брод во коритото на реката. Уште 14 тела беа извлечени од потонатиот брод под вода. Траектот потонал откако утрово се судрил со друго пловило, поголем патнички траект, соопштија службите, кои додадоа дека се очекува да се зголеми бројот на жртви.

XS
SM
MD
LG