Достапни линкови

Дуда и Тшасковски во вториот круг од претседателските избори во Полска


Полскиот претседател Анджеј Дуда гласа на претседателските избори

Конзервативниот полски претседател Анджеј Дуда и либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тшасковски, разменија обвиненија веднаш по објавувањето на резултатите од вчерашните претседателски избори во Полска, според кои двајцата влегоа во вториот круг. Според излезната анкета на агенцијата ИПСОС, Дуда освои 41,8 проценти од гласовите, а Тшасковски 30,4 проценти. Вториот круг од изборите ќе се одржи на 12 јули. Дуда, кандидатот на владејачката конзервативна партија Закон и правда, им се заблагодари на Полјаците што доби повеќе гласови отколку на изборите пред пет години. Тшасковски рече дека резултатите од првиот круг од изборите покажуваат дека повеќе од 58% од полското општество сака промена.

Полскиот претседател Дуда во Вашингтон на разговори со Трамп

Дуда имаше шанса да победи во првиот круг доколку изборите се одржат според планот на 10 мај. Сепак, поддршката од околу 60 проценти што тој ја имаше во тоа време, според анкетите, се стопи кога Полјаците почнаа да ги чувствуваат ефектите од ограничувањата поради епидемијата на коронавирусот.

XS
SM
MD
LG