Достапни линкови

Контроверзниот кинески закон за Хонгконг влегува во процедура


Архивска фотографија- седница на кинескиот национален народен конгрес

Пратениците во Кина почнаа со разгледување на националниот безбедносен закон на кој критичарите гледаат како на документ кој ги поткопува човековите права и полуавтономијата на Хонгконг.

Законот се разгледува на посебна сесија на национален народен конгрес денеска и ќе биде во фокусот на дискусијата во следните два дена.
Ако премине во закон, што се очекува на 30 јуни, со него ќе се криминализира сецесијата, ќе се забрани поткопување на државната власт и вмешување на странските сили.

Ако законот биде усвоен во Кина, американскиот сенат неделава се очекува да усвои свој закон со кој ќе се дозволи воспоставување на санкции за индивидуалци и ентитети кои ја поткопуваат автономијата на поранешната британска колонија, а Британија соопшти дека ќе има даде пасоши на повеќе од три милиони жители на Хонгконг.

XS
SM
MD
LG