Достапни линкови

Нови 150 заразени од коронавирус, девет починати


Архивска фотографија- пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 93, потоа во Тетово-12, Охрид-9, Кичево-8, Куманово-7, Ресен-5, Прилеп-4, во Штип, Струга и Гостивар по тројца и во Кочани и Неготино по еден.

Во Скопје има вкупно 1931 активен случај, а заклучно со вчера над сто заболени има во осум општини. Прва е Чаир со 421 заболен, а потоа следуваат Аеродром – 147, Бутел – 137, Гази Баба – 151, Центар – 127, Карпош – 128, Сарај – 139 и Кисела Вода со 109 случаи.

Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години“, велат од Министерството за здравство.

Воедно од таму соопштија дека во Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од: Скопје-21, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-3, Битола-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.

XS
SM
MD
LG