Достапни линкови

Египет, Етиопија и Судан блиску до договор за браната на Нил


Архивска фотографија- браната на Нил во Етиопија

Египет, Етиопија и Судан ќе го финализираат договорот за полнење на големата брана на Синиот Нил во следните две до три недели. Договорот е постигнат со посредништво на Африканската унија и со него ќе се стави крај на деценија долгото несогласување за снабдувањето со вода.

Тешките преговори низ годините ги оставија двете држави и нивниот сосед Судан без договор за тоа како Етиопија ќе управува со браната и ќе ги полни нивните резервоари, додека Египет сака да ги заштити ограничените водени ресурси од реката Нил.

Министерот за вода на Етиопија Селеши Бекеле рече дека сите страни се согласиле да го финализираат договорот во следните две до три недели. Оваа објава следува ден откако лидерите на трите земји одржаа онлајн состанок со претседавачот на Африканската унија, претседателот на Јужна Африка Сирил Рамафоза.

Големата етиописка брана е изградена на околу 15 километри од границата со Судан, на синиот Нил, кај што се и најголемите избори на водите во реката. Етиопија тврди дека овој проект е клучен за нивниот економски развој.

XS
SM
MD
LG