Достапни линкови

Милошоски оди во самоизолација


Антонијо Милошоски

Поранешниот пратеник и министер за надворешни работи Антонијо Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека оди во самоизолација, затоа што неговата мајка била позитивна на ковид-19. Таа работи како медицинска сестра во болницата во Кичево. Милошоски имал кратка средба со мајка му пред пет дена во Кичево и поради тоа надлежниот епидемиолог од Битола му пропишал мерка самоизолација до 6-ти јули.

Тој информира дека се чувствува добро и дека засега нема никакви симптоми. Посочи дека до 6-ти јули ќе има две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица.

Милошоски е кандидат за пратник на листата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори.

XS
SM
MD
LG