Достапни линкови

Половина од членките на ЕУ нема да можат да ги исполнат обврските за намалување на загадувањето


На голем дел од земјите во Европската унија (ЕУ) им се заканува опасност дека нема да ја намалат емисијата на штетни гасови до 2030, за да ги исполнат обврските, предупреди денеска преку извештај Европската комисија.

„Пораката во извештајот е јасна. Секаде во Европа на многу граѓани им се заканува дека ќе дишат лош воздух. Неопходни се ефикасни мерки за намалување на загадувањето во многу држави во ЕУ и тоа во секторите – земјоделство, енергетика и сообраќај“, се наведува во текстот.

Европската комисија денеска го објави првиот извештај за проценката за примена на директивите за квалитет на воздухот од 2020 до 2030. Извештајот се повикува на анализите на националните програми за контрола на загадувањето кои ги доставиле земјите членки.

Врз основа на тие анализи, Комисијата заклучува дека половина од земјите на ЕУ нема да можат да ги исполнат обврските за намалување на загадувањето.

Посебна загриженост предизвикува емисијата на амонијак кој се користи во земјоделството, се наведува во извештајот.

Комисијата покрена повеќе од 30 постапки како предупредување до државите да преземат мерки во борба против загадувањето на воздухот, оти многу од нив не ги почитуваат ограничувањата на емисијата на штетни честички.

XS
SM
MD
LG