Достапни линкови

Ден Дончев во полиција давал изјава за снимката со пари


Ден Дончев

Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Ден Дончев попладнево бил на разговор во полициска станица Карпош. Тој бил поканет на разговор, уредно се пријавил сам, а по извршениот разговор, си заминал, неведуваат од МВР. Дончев бил викнат на разговоро по објавените снимките, пред некој ден во јавноста. Доколку МВР утврди елементи на кривично дело по кои се постапува по службена должност, ќе достави соодветен поднесок до Обвинителството по кој Обвинителството ќе преземе понатамошни дејствија за расветлување на случајот.

Денешниот повик до Дончев да даде исказ не било по налог на Обвинителството.

Пред четири дена на Јутјуб беа објавени три нови аудио и уште една видео-снимка на која наводно се слуша гласот на Дончев. На видео-снимка може да се забележи како Дончев зема пари и ги става во торба.

Објавени нови „бомби“ за Ден Дончев

Инаку, во мај Дончев си поднесе оставка од директорската функција поради како што беше соопштено „приватни семејни причини“.

Името на Дончев се спомнуваше во случајот „Рекет 2“ за фирмата Дијамед, која во 2013 година доби концесија за дијализа на бубрежно болни. Дончев, обвини дека фирмата незаконски го добила тендерот за дијализа и дека зад фирмата стојат поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот кум од првиот брак Ристо Новачевски.

XS
SM
MD
LG