Достапни линкови

Фон дер Лајен разговарала со Вучиќ за дијалогот со Косово


Претседателот на Србија Александар Вучиќ на средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека имала добар разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ. Според неа, по изборите во Србија потребен е широк дијалог со сите политички сили за да се постигне напредок во реформите, што се потребни за земјата да се приближи до Европска Унија.

„Дијалогот со Косово е клучен“, напиша на Твитер, Фон дер Лајен.

Вучиќ денеска престојува во еднодневна посета на Брисел. Тој, како што е соопштено во Белград ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет,Шарл Мишел, еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања во Западен Балкан Мирослав Лајчак.


XS
SM
MD
LG