Достапни линкови

ЕУ амбасадорите очекуваат кампања со почитување на мерките за Ковид-19


Македонско знаме и знамето на ЕУ

Очекуваме сите политички партии да водат кампања во рамките на законот, со почитување на сите мерки на претпазливост од Ковид-19. Изборниот процес е можност политичките актери, да ја потврдат и јасно да ја покажат својата посветеност на владеењето на правото и почитувањето на највисоките европски стандарди, вклучително и со избегнување на потпалувачки говор, лажни вести и дискриминација. Враќањето на целосното функционирање на Собранието ќе и биде од корист на земјата да се подготви за пристапните преговори кои наскоро ќе ги отпочне и ќе и овозможи да продолжи да ги спроведува клучните реформи.

Ова се наведува во денеска објавената пишана заедничка изјава на Шефот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар и на амбасадорите на земјите-членки.

„Убедени сме дека граѓаните на Република Северна Македонија ќе ја покажат својата посветеност на парламентарната демократија остварувајќи го своето право на глас за насоката и приоритетите на земјата. Бидејќи Република Северна Македонија наскоро ќе ги отпочне пристапните преговори со Европската Унија, враќањето на целосното функционирање на Собранието ќе и биде од корист на земјата и ќе и овозможи да продолжи да ги спроведува клучните реформи, како и да се подготви за преговори“, се наведува во изјавата.

Изборите се закажани за 15 јули.



XS
SM
MD
LG