Достапни линкови

Граничниот премин Јажинце отворен, но нема преминувања


Граница. Илустрација

Граничниот премин Јажинце кон Косово е подготвен за работа, но нема преминувања, бидејќи не функционира косовскиот премин.

„Ние сме подготвени за работа но нема преминувања затоа што колегите од граничниот премин Глобочица не информираа дека нивниот граничен премин ќе почне да функционира од 28 јуни. Имаше четири возила кои досега сакаа да влезат на територија на Косово преку граничен премин Јажинце, но поради состојбата и известувањето од косовска старна беа вратени од нашите службеници, изјави Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.

На граничниот премин Делчево непречено функционира товарниот сообраќај, додека патничкиот сообраќај е релативно слаб. Надлежните додаваат дека најчесто границата се поминува транзит и од страна на студенти кои учат на факултетите во Бугарија.

„Има случаи на поминување на границата на возила кои одат до аеродром и притоа мора за 24 часа да транзитираат низ Бугарија, како и од страна на студенти, но генерално состојбата е мирна“, велат од Граничниот премин Делчево.

Граничниот премин Богородица отворен, Евзони затворен за влез во Грција

Граничните премини од денеска согласно одлуката на Владата целосно се отворени за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

XS
SM
MD
LG