Достапни линкови

Филипче: Сите општествени чинители активно да се вклучат во борбата со вирусот


Министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат и да го искористат своето влијание во заедницата во борбата со коронавирусот.

„Борбата со вирусот ќе трае, но ние мора да научиме да живееме со него и да се заштитиме. Сметам дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат, да го искористат своето влијание во заедницата во подигнување на свеста за коронавирусот и потребата од почитување на мерките за лична заштита. За ова е неопходен дијалог на сите општествени нивоа“, вели Филипче.

За таа цел, министерството за здравство иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници, притоа Филипче изутрината се сретнал со новиот реис на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху.

„Фетаху во целост се согласува со ова и ја поздравува иницијативата. Тој посочи дека ќе продолжи да дава максимална поддршка и свој личен придонес во напорите на институциите кои се справуваат со корона кризата во земјата“, рече Филипче.

XS
SM
MD
LG