Достапни линкови

Самит на лидерите на земјите од Југоисточна Азија


Премиерот на Виетнам,Нгуен Суан Фук

Лидерите на земјите од Југоисточна Азија одржуваат самит на интернет во екот на пандемијата на коронавирус. Домаќин на самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија е премиерот на Виетнам, Нгуен Суан Фук кој изјави дека пандемијата уништила години на економски придобивки во регионот.

На самитот доминира политиката на експанзија на Кина во Јужното кинеско море. Виетнам кој е претседавач со асоцијацијата го користи настанот да даде поттик на разговорите за широк трговски пакт поддржан од Кина - Регионалното сеопфатно економско партнерство (РЦЕП).

Договорот за РЦЕП не беше одобрен поради одбивањето на Индија да се приклучи на прашањето за пристап на својот пазар за ефтини стоки од Кина. Индија и Кина кои сега се затворени поради спор за границата.

Специјалниот состанок на асоцијацијата, кој беше свикан во април за решавање на пандемијата, не успеа да се договори за фондот за итни случаи




XS
SM
MD
LG