Достапни линкови

Српскиот претседател Вучиќ денеска во Брисел


Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ќе престојува во еднодневна посета на Брисел. Тој, како што е соопштено во Белград ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет,Шарл Мишел, еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања во Западен Балкан Мирослав Лајчак.

Косовскиот премиер Хоти во Брисел, не оди во Вашингтон

Вчера со раководството на ЕУ во Брисел разговараше премиерот на Косово, Авдулах Хоти. Наведувајќи дека Косово е „решено во својата прозападна ориентација“, Хоти рече за време на разговорите дека е важно Европската унија да ги преземе неопходните чекори за да обезбеди слободно движење за граѓаните на Косово. Посетата на Вучиќ на Бриселдоаѓа откако беше откажан состанокот во Вашингтон со американскиот специјален претставник за дијалогот Косово-Србија, Ричард Гренел и косовските лидери.

ХРВ: Обвинението против Тачи и другите е чекор кон правдата

Претходно косовскиот претседател Хашим Тачи ја откажа посетата на Белата Куќа каде што требаше на 27 јуни да се сретне со Вучиќ за да разговараат околу нормализирање на односите. Тачи ја откажа посетата откако против него беше покренато обвинение за воени злосторства во Хаг.

XS
SM
MD
LG