Достапни линкови

Вучиќ утре во Брисел


Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе престојува во еднодневна посета на Брисел, соопштуваат од неговиот Кабинет.

Тој ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања во Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Посетата на Вучиќ на Брисел доаѓа ден откако беше откажан состанокот во Вашингтон со американскиот специјален претставник за дијалогот Косово-Србија, Ричард Гренел и косовските лидери.

До ова доаѓа бидејќи косовскиот претседател Хашим Тачи ја откажа посетата на Белата Куќа каде што требаше на 27 јуни да се сретне со Вучиќ за да разговараат околу нормализирање на односите. Тачи пак ја откажа посетата откако вчера против него беше покренато обвинение за воени злосторства во Хаг.

XS
SM
MD
LG