Достапни линкови

Нови 153 случаи на Ковид-19, починаа шест пациенти


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје 66, Куманово 13, Штип 13, Прилеп 2, Тетово 20, Струга 7, Битола 1, Охрид 7, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Свети Николе 3, Кичево 6 и Ресен 12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти. Починати се шест лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.

Со последните податоци, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на оздравени пациенти е 2.166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164.

XS
SM
MD
LG