Достапни линкови

Грција засега останува на планот за отворање на границите на први јули


Грција ја следи епидемиолошката слика во регионот како и препораките на Европската унија и засега останува на ставот дека македонско-грчките премини ќе бидат отворени на 1 јули. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, за МИА истакнал дека планот на Атина е познат и јавно соопштен, но и дека е „план што континуирано се ажурира и во соработка со европските власти“. Тој истакнал дека останатите теми поврзани со копнениот или воздушниот транспорт, секојдневно се разгледуваат и доколку е потребно ажурирање на нашиот план за тоа ќе биде известена јавноста.Тој изјавил дека грчките власти работат на обезбедување најдобра можна заштита на туристите, но и на локалното население и вработените во туристичкиот сектор.

Паралелно, додаде дека ги проучуваат и резултатите од досега спроведените тестови на влезните точки во Грција и ги следат епидемиолошките податоци во земјите на потекло на туристите.

XS
SM
MD
LG