Достапни линкови

Киргистан повторно размислува за вонредна состојба


Киргистанското министерство за здравство соопшти дека Владата во Бишкек денеска ќе донесе одлука со која треба да се прогласи вонредна состојба во два поголеми гради и две провинции поради сериозен пораст на заболени од коронавирусот. Претходно вонредна состојба заврши в мај откако беа затворени неколку градови и области и беше наметнат полициски час.

Киргистанскиот претседател Сооронбај Јеенбеков ја пропушти парадата на 24 јуни во Москва во знак на одбележување на крајот на Втората Светска војна, затоа што двајца патници во авионот при пристигнување во Москва било утврдено дека се позитивни на коронавирусот.

Од кабинетот на Сооронбај Јеенбеков за киргистанскиот сервис на РСЕ беше посочено дека советникот за надворешни работи на претседателот Даниер Сидиков и еден од телохранителите кои патувале со него биле позитивни на коронавирусот.

Оттаму додаваат дека тестот на Јеенбеков за ковид-19 е негативен, но следејќи го протоколот тој ќе остане во самоизолација и ќе работи од дома.

XS
SM
MD
LG