Достапни линкови

САД бележи нов рекорден пораст на заболени од ковид-19


Илустрација, Бруклин, јуни 2020

САД забележа нов рекорден пораст на дневниот број на заболени од ковид-19. Во последните 24 часа регистрирани се 34 700 новозаболени од коронавирусот, што е највисока бројка по оние кон крајот на април. Ваквиот раст на евидентирани новозаболени се должи на драстичното зголемено тестирање, но здравствените власти се загрижени поради новите бројки затоа што од април па навака бројот на новозаболени се намалуваше.

Гувернерот на Тексас ги повика граѓаните да останат дома, затоа што се соочуваат со „масовно ширење на вирусот“ додека гувернерот од Аризона апелираше граѓаните да носат маски.

Во Калифорнија вчера беа пријавени 7 илјади новозаболени во последните 24 часа, додека во Флорида бројот се искачи на 5 500 новоинфицирани од ковид- 19 што е за 25 проценти повеќе од рекордот од минатата недела.

Научниците не се сигурни дали можете двапати да се заразите со ковид-19

Над 120 илјади граѓани починаа во САД поради корона вирусот додека на светско ниво вкупниот број на починати изнесува 480 илјади луѓе. Во меѓувреме во Бразил беа потврдени 42 илјади нови случаи во последните 24 часа но и нови 1185 смртни случаи.

XS
SM
MD
LG