Достапни линкови

Трамп ќе испрати повеќе американски војници во Полска


Заедничката прес конференција на полскиот претседател Анджеј Дуда и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Полскиот претседател Анджеј Дуда и американскиот претседател Доналд Трамп изјавија дека се нетрпение очекуваат да го потпишат договорот за соработка во одбраната, за кој Трамп изјави дека САД ќе испрати „силна порака за Русија“. Со тој договор САД се обврзува да испрати повеќе американски војници во Полска, да се зајакне соработката меѓу САД и Полска што ќе служи како понатамошна противтежа против руската агресија. Говорејќи на заедничката прес конференција во Белата Куќа, Дуда истакна дека му е чест што со Трамп разговарале за следните чекори во унапредување на билатералните односи и дека посетата на Белата куќа имдава поттик на владејачката партија во Полска од која и тој доаѓа во пресрет на парламентарните избори закажани за 28 јуни.

Полскиот претседател Дуда во Вашингтон на разговори со Трамп

Трамп изјави дека ќе го намали бројот на војници во Германија и дека дел од нив ќе бидат препратени во Полска. На новинарското прашање како новата позиција ќе ја согледа Москва, Трамп посочи дека Германија поради гасоводот „Северен поток 2“ Германија ќе треба да и плати милијарди долари на Русија за енергија и со тоа, како што вели, се наметнува прашањето кога САД би требало да ја брани Германија од Русија.

XS
SM
MD
LG