Достапни линкови

Пендаровски на средба со претставници на Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР


Средба на претседателот Пендаровски со Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Шефицата на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР Лаима Андрикиене денеска се сретна со македонскиот претседател Стево Пендаросвски. Тема на разговор во претседателската Вила Водно беа предвремените избори за пратеници закажани за 15 јули, при што таа го запознала Пендаровски со планираните активности на мисијата, составена од девет експерти, во насока на набљудување на изборниот процес.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, заблагодарувајќи се за брзото распоредување на оценската мисија, Пендаровски го реафирмираше своето очекување изборите да бидат спроведени според највисоките стандарди и критериуми, како што доликува на земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија која треба да ги почне пристапните преговори. На средбата претседателот Пендаровски изрази поддршка за работата на мисијата и изрази уверување дека нивниот ангажман ќе придонесе за успешен изборен процес, кој поради пандемијата на КОВИД-19 ќе се одвива во специфични услови, се наведува во соопштението.

Препорачано

XS
SM
MD
LG