Достапни линкови

Хотелите и туристичките објекти во Грција ќе имаат соби за карантин


Плажа во Грција. Илустрација.

Соби за карантин за евентуалните позитивни случаи на Ковид-19 за кои не е потребно болничко лекување ќе треба да имаат хотелите и туристичките објекти во Грција. Согласно најновата одлука на властите, бројот на собите за изолација е во зависност од големината на хотелите и туристичките објекти. Министерот за туризам Харис Теохарис изјави дека новата одлука е одговор на барањата на хотелиерите.

„Ова беше барање што доаѓаше од дел од хотелиерите, особено од високите категории хотели, сакајќи да ги заштитат нивните клиенти дека нема да заминат од просторот и бројот на ѕвездички што ги платиле, а во исто време да бидат и изолирани“, изјави Теохарис.

Грција на 1 јули ќе го отвори граничниот премин Евзони



XS
SM
MD
LG