Достапни линкови

Гренел: економијата прв чекор кон долгорочен мир меѓу Србија и Косово


американскиот специјален претставник за дијалогот Белград-Приштина Ричард Гренел

Економскиот пристап е „првиот чекор“ за постигнување долгорочен мир меѓу Србија и Косово - изјави американскиот специјален претставник за дијалогот Белград-Приштина Ричард Гренел пред состанокот меѓу двете страни во Белата куќа в сабота на 27 јуни. „Одлучивме да се вклучиме, бидејќи долгата историја на многу различни експерти и таканаречени експерти кои се залагаа само за политички прашања, главно го игнорираа економското прашање“, изјави Гренел во интервју за телевизијата Њузмакс.

Брнабиќ - Србија е подготвена за продолжување на дијалогот

Тој додаде дека во разговорите со младите луѓе и деловната заедница во Косово и Србија му станало јасно дека „тие сакаат економски развој, работни места, надеж“. „Ние направивме договор, прв во 21 година, за воздушна врска меѓу Приштина и Белград“, рече тој во интервјуто, наведувајќи дека иако летот сè уште не е воспоставен, постои договор и дека се работи на тоа. „Ние се обидуваме да се концентрираме на економската состојба, да создадеме „мини Шенжен зона“ - по примерот на специјалната економска зона во Кина, рече Гренел.

XS
SM
MD
LG