Достапни линкови

Нови 118 случаи на Ковид-19, четворица починати


Клиника за инфективни болести во Скопје.

Нови 118 случаи на инфицирани од коронавирусот се регистрирани во изминатите 24 часа од направени вкупно 1.363 тестирана, а починати се четири лица, соопшти денеска Министерството за здравство. Истовремено од институцијата информираат дека Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти, со што бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава е 3.012 лица.

„Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје - пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат“, наведуваат од Министерството за здравство.

Од новозаразените, во Скопје се 55, Куманово 9, Дебар 1, Штип 1, Прилеп 4, Тетово 20, Струга 2, Велес 2, Битола 1, Охрид 9, Гостивар 4, Гевгелија 1, Струмица 2, Свети Николе 1, Кичево 1, Ресен 5.

Досега се направени вкупно 53.248 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројќа на дијагностицирани во С.Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 5.311 луѓе, од кои оздравени се 2.048 пациенти, а починаа 251 лице, според официјалните податоци на Министерството за здравство.

За три недели повеќе заболени отколку во претходните три месеци

Бројот на активни случаи на заболени со коронавирус од почетокот на месецов се зголеми за пет пати, а бројот на починати од болеста речиси се удвои. Повеќе луѓе заболеа и починаа за три недели од почетокот на овој месец, отколку во трите претходни месеци од избувнувањето на епидемијата на Ковид-19.

На 1 јуни имаше 606 активни случаи на заболени од коронавирус, за денеска да има скоро 3000. До 1 јуни имаше 140 починати од болеста, а денеска има над сто починати лица повеќе.

XS
SM
MD
LG