Достапни линкови

Кабелските оператори: Владата го одложи проблемот со реемитувањето


Илустративна фотографија.

Здружението на информатичко-комуникациски технологии при стопанската комора на Македонија соопшти дека со Уредбата која ја донесе Владата на вчерашната седница само времено се одложува „проблемот со реемитување на телевизиските канали“ и наведува дека со Уредбата која укажува на потреба од системско решение само се приолонгира рокот до ноември 2020 година, но дека „останува обврската за исполнување на наметнатите неуставни обврски“, велат од Здружението.

„Рокот е пролонгиран од август за ноември. Потребно е системско решение пред истекот на овој рок, во интерес на корисниците. Со донесувањето на Уредбата пред истекот на вонредната состојба, не се дојде до трајно решение за ситуацијата и повторно останаа во сила неуставните измени на Законот, што како краен исход повторно ќе доведе до создавање на криза кон крајот на годината“, наведува Здружението на информатичко-комуникациски технологии.

Оттаму велат дека е потребно системмско решавање на ситуацијата со реемитување на телевизиските канали пред ноември и посочуваат дека во меѓувреме Здружението ќе работи со сите надлежни институции и национални телевизии за да се постигне „законски утврдено решение.“

Прекинот одложен, кабелските ќе емитуваат македонски телевизии

Инаку, овој проблемот настана со изгласување на измени во Законот за ауди и аудио визуелни услуги, кој предвидува кабелските оператори да гарантираат за авторските права на програми кои ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност.

XS
SM
MD
LG