Достапни линкови

ЕК останува на препораката за отворање на границите со Западен Балкан на 1 јули


Седиштето на ЕК во Брисел

Портпаролот на Европската Комисија, Адалберт Јанз денеска изјави дека и покрај зголемениот број на заразени со Ковид-19 на Западен Балкан, ЕК не ја менува препорака за отворање на границите со регионот. Но, според него, конечната одлука ќе ја донесат земјите членки на ЕУ во наредните денови.

Тој потсетува дека минатата недела ЕК препорача Европската Унија да ги отвори границите со западниот Балкан од први јули, за разлика од другите земји вон ЕУ, за кои рестрикциите за патување во Унијата треба да се укинат прогресивно.

„Препораката да се укинат рестрикциите кон западниот Балкан не е само поврзана за епидемиолошката состојба туку и за блиската интеграција на ЕУ и нашите односи со регионот, но ние секако од блиску ја следиме епидемиолошката ситуација и одлуката што ќе ја донесат земјите членки до први јули ќе ги земе предвид последните бројки“, изјави Јанз.

Корона предизвици на македонските граници

XS
SM
MD
LG