Достапни линкови

Паричен надоместок за отпуштените работници од 11 март до 30 април


Министерката за финансии Нина Ангеловска

Министерката за финансии, Нина Ангеловска денеска порача дека сите кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеца да примаат паричен надоместок. Во тек е аплицирањето во Агенцијата за вработување, кое ќе трае до 26 јуни, напиша таа на Фејсбук.

„При креирањето на мерките нашата примарна заложба беше да се погрижиме за да се зачуваат работните места и вработените лица да останат вработени и да добиваат плати. Но секако дека при креирање на мерките Владата се погрижи и за оние чии работни се затвориле како резултат на кризата. Затоа беше донесена Уредбата за исплата на паричен надоместок на лицата кои согласно постојната регулатива не им следи паричен надомест за невработеност“, наведува Ангеловска.

XS
SM
MD
LG