Достапни линкови

Макрон во Холандија на разговори за економското закрепнување на ЕУ


Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе ја посети Холандија за да разговара со премиерот Марк Руте за планот за заживување на економијата во Европската унија за кој холандската влада покажа воздржаност.

Короната добар момент за дијалог за минимална плата во ЕУ

Европските лидери сакаат да се договорат за планот за заживување до крајот на јули, и покрај длабоките поделби. Холандија, заедно со Австрија, Шведска и Данска, се резервирани за нацрт-планот кој предвидува 750 милијарди евра. Парите главно се наменети за земјите на југот на ЕУ, кои најмногу се погодени од коронавирусот. Самитот на ЕУ на кој се очекува договор за овој план треба да се одржи во Брисел кон средината на идниот месец.

XS
SM
MD
LG