Достапни линкови

Борел: ЕУ не се натпреварува со Соединетите Држави за косовското прашање


Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел го поздрави напредокот постигнат во спорот меѓу Белград и Приштина и додаде дека Брисел не се натпреварува со Соединетите Држави за косовското прашање, објави „Гласот на Америка“.

„Ниту јас лично се натпреварувам за медал за тоа кој ќе биде меѓу првите што ќе ги доведат двете страни на преговарачка маса“, рече Борел.

Лајчак во Белград, продолжуваат разговорите за косовското прашање

Тој додаде дека Брисел не се натпреварува со Соединетите Држави и дека никој не би бил посреќен од него ако „администрацијата на претседателот Доналд Трамп успее да постигне конечно решение“. Борел изјави дека има само еден структурно базиран дијалог.

„Тоа е тој што се одвива под покровителство на ЕУ која за свој претставник го назначи Мирослав Лајчак”, нагласи Борел.

XS
SM
MD
LG