Достапни линкови

Спасовски очекува интензивирана соработка со Србија


Премиерот Оливер Спасовски

Премиерот Оливер Спасовски и ја честиташе победата на Српската напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ на парламентарните избори во Србија.

„На изборите одржани во Србија, претседателот Вучиќ и СНС ја добија поддршката од граѓаните. Посакуваме успех во новиот мандат. Во наредниот период, очекуваме досегашната соработка да биде интензивирана и продлабочена во интерес на граѓаните на двете држави, развојот и стабилноста во нашиот регион, и со тоа забрзување на интеграцијата во Европската Унија“, наведе Спасовски во пораката на Фејсбук.

Славење во Српската напредна партија по изборната победа

СНС на Вучиќ, според нецелосни податоци, освои 63 отсто од гласовите на изборите.

XS
SM
MD
LG