Достапни линкови

Нови 90 заразени со коронавирус, 9 починати во последното деноноќие


илустрација

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти. Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.

Со последните податоци, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975.

XS
SM
MD
LG