Достапни линкови

Заев: Здраво е за државата ДУИ да оди во опозиција


Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска уште еднаш ја отфрли како неприфатлива идејата на ДУИ за Албанец премиер. Со ваков, како што оцени, национал – популистички концепт, ДУИ ќе изгуби и ќе премине во опозиција.

„Ова што денеска се пласира од ДУИ е само национал – популистичкиот концепт и ништо друго и верувам ќе изгуби и ДУИ заради тоа, зашто граѓаните треба да ги гледаме како кандидати – почнувајќи од мене и сите понатаму, рамноправно како кадарни, квалитетни, посветени, луѓе кои изградиле свој кредибилитет, кои се подготвени следните четири години целосно да се посветат на служење на граѓаните“, изјави Заев.

Според Заев, по 17 години власт, здраво е за државата ДУИ да помине во опозиција. Но, тоа е здраво и за самата партија, зашто кога е во опозиција, рече,ќе се подобри и реформира.

Одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во партискиот штаб, Заев истакна дека никој не треба да прифаќа ултиматуми, особено не сега, кога за првпат е формирана мултиетничка коалиција како најсилна гаранција за граѓанскиот концепт.

XS
SM
MD
LG