Достапни линкови

Лајчак во Белград, продолжуваат разговорите за косовското прашање


Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Белград - Приштина, Мирослав Лајчак

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, попладнево доаѓа во Белград на разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател.

Лајчак пристигнува само еден ден по изборите во Србија на кои партијата СНС која ја предводи Вучиќ доби најголем број гласови.

„Мојот мандат е многу јасен, да помогнам во постигнување на правно обврзувачки договор меѓу Косово и Србија, кој ќе ги нормализира односите и ќе ги реши сите проблеми и кој ќе биде прифатлив за земјите од регионот и земјите членки на ЕУ“, изјави Лајчак во Приштина, каде што беше минатата недела.

Вучиќ деновиве изјави дека понудата на Брисел е Србија да не се противи на влегувањето на Косово во ООН во замена за неизвесното членство на Србија во ЕУ, што според него „не е можно.“

Лајчак најави дека по разговорите во Приштина и Белград, тој ќе ги дефинира прашањата за кои двете страни ќе разговараат, а Вучиќ очекува дека повторно ќе се разговара за техничко-методолошко-формалните предлози и за спроведувањето на веќе потпишаните договори, но не и за некој суштински предлог.

Лајчак доаѓа во преговарачка мисија во Белград во моментот кога американскиот претставник Ричард Гренел закажа состанок со лидерите на Белград и Приштина во Белата куќа на 27 јуни.

XS
SM
MD
LG