Достапни линкови

Руската полиција уапси член на групата „Пуси рајот“


Пјотр Верзилов

Припадници на рускиот полициски оддел за борба против екстремизмот уапсиле член на руската група „Пуси рајот“, Пјотр Верзилов, јави државната агенција ТАСС. Тој во станот бил одведен поради истрага, но без да се наведуваат детали.

Во Русија започна раното гласање за уставните реформи

Верзилов го привлече вниманието на јавноста во 2018 година кога тој и трите други членови на групата “Пуси рајот” влегоа на теренот за време на последниот натпревар на Светскиот куп во Москва, во знак на протест за бруталноста на полицијата. За овој потег одлежа 15 дена во затвор. Два месеца подоцна, тој сериозно се разболел, а членовите на групата “Пуси рајот” се сомневаа дека бил отруен. Тој се лекуваше во Германија.

XS
SM
MD
LG