Достапни линкови

Градоначалникот Шилегов позитивен на ковид-19


Петре Шилегов

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов објави дека е позитивен на корона вирусот. На својот фејсбук профил тој напиша дека покрај сите мерки кои што гипревземал за лична и заштита на луѓето околу него, сепак тестирањето покажало дека е позитивен на ковид-19.

„Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализирање. Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава“, напиша Шилегов на својот фејсбук профил.

XS
SM
MD
LG