Достапни линкови

Борел и Хоти разговарале за клучните прашања за Косово


Жозеп Борел

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел телефонски разговарал со косовскиот премиер Авдулах Хоти. Борел му честитал на премиерот Хоти за неговото назначување на функцијата.

Како што јавуваат агенциите, тие разговарале за прашања што ќе бидат клучни за Косово во наредниот период, вклучително и потребата од решителни напори на Косово за унапредување на реформите поврзани со ЕУ и зајакнување на владеењето на правото.

Високиот претставник Борел изразил задоволство од првата посета на специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак на Косово претходно оваа недела и ја истакнал потребата за брзо продолжување на дијалогот меѓу Приштина и Белград.

XS
SM
MD
LG