Достапни линкови

Екипата на РСЕ приведена на протестите во Минск


Полицијата ја приведува дописничката за РСЕ од Минск, Александра Динко

Полицијата во Белорусија приведе околу 100 лица, демонстранти и новинари на денешниот протест против кампањата за реизбор на претседателот Александар Лукашенко. Опозициските кандидати собираа потписи од приврзаниците во главниот град Минск, пред да интервенира полицијата.

Александра Динко, известувач за белорускиот сервис на Радио Слободна Европа, беше приведена додека емитуваше вести во живо, заедно со нејзиниот снимател Андреј Рабчика.

Групата за човекови права Вјасна соопшти дека најмалку 120 луѓе биле уапсени низ целата земја за време на протестот. Некои од нив се ослободени.

Претходно, властите го уапсија главниот политички ривал на Лукашенко, Виктор Бабарик, под сомнение за финансиска проневера и во период на интензивно вознемирување на познати опозициските политички личности. Лукашенко, кој ја управува земјата од 1994 година, ќе се кандидира за шести претседателски мандат во август.

XS
SM
MD
LG