Достапни линкови

Мајката на Христијан Мицкоски позитивна на ковид19


Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја потврди информацијата, дека неговата мајка е позитивна на корона вирусот, коментирајќи дека со неа се немал видено подолго време. Тој денеска изјави дека е направено епидемиолошко интервју, па луѓето кои што биле во нејзина близина веќе се наоѓаат во самоизолација.

„Јас подолг период се немам видено имајќи го предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен бидејќи се среќавам со луѓе и разговарам. Веќе неколку дена, околу 5-6 дена таа е во домашни услови и ѝ посакувам добро здравје. За жал и кај нас во семејството ја почуствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ние сме тука да и ги олесниме деновите кои што доаѓаат во борбата против овој вирус“, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека вирусот е многу сериозен и граѓаните треба да бидат претпазливи.

XS
SM
MD
LG