Достапни линкови

Кина ја обвини Индија за нападот на хималајската граница


илустрација

Кина ги обвини индиските трупи за „намерна провокација“ во првите официјални коментари за смртоносниот конфликт што се случи во понеделникот на спорната граница на Хималаите.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лиџијан Жао изјави дека трупите преминале на кинеската територија и го извршиле нападот, предизвикувајќи „жестоки физички судири“. Сепак, тој не наведе детали за тоа дали и колку кинески жртви имало, јави Би-Би-Си.

Во петокот индискиот премиер Нарендра Моди изјавидека ниту еден странски војник не ги преминал границите и ниту една територија не е изгубена. Моди вети дека Индија ќе ја бранисвојата граница и со воена сила доколку е потребно.

Дваесет индиски војници загинаа во конфликт во долината Галван. Индија соопшти дека двете страни претрпеле загуби за време на конфликтот.

XS
SM
MD
LG