Достапни линкови

Кафетериите и рестораните преку недела ќе работат до полноќ, за викенди до 1 часот по полноќ


Владата, вечерва на седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана со кои овие објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци за работа, наместо до 22:00 часот како што досега беше определено со овие протоколи.

Владината прес-служба соопшти дека измените на овие протоколи стапуваат во сила со денот на нивно објавување во „Службен весник“.

Како што објави претходно министерот за економија Крешник Бектеши, одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти подразбира работа до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викенд.

По укинувањето на рестриктивните мерките и отварањето на угостителските објекти, (рестораните и кафеаните) имаа право да работат до 22 часот.

XS
SM
MD
LG