Достапни линкови

Помпео – Косово треба да биде спремно за обнова на преговорите со Србија


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја поздрави одлуката на косовската влада за укинување на бариерите заради продолжување на дијалогот со Србија и порача дека Косово треба да биде спремно да ги обнови преговорите со Србија „што е можно порано“.

„Ние и понатаму го поддржуваме Косово во напредувањето во процесот на целосна нормализација на односите со Србија, фокусирани на меѓусебно признавање, што е суштинско значење за Косово, во смисла на глобална интеграција и остварување на неговиот целосен потенцијал“, се наведува во телеграмата која Помпео му ја упатил на косовскиот премиер Авдулах Хоти по повод изборот на чело на владата.

„Ја поздравивме одлуката на вашата влада да ги укине сите мерки за реципроцитет за српски стоки, што го означи клучниот чекор во повторно покренување на процесот на дијалогот. Косово мора да биде спремно да ги продолжи преговорите со Србија што е можно поскоро“, се наведува во телеграмата на Помпео.

Делегации на Косово и на Србија ќе се состанат на 27 јуни во Белата куќа во Вашингтон на покана на специјалниот пратеник на американскиот претседател за дијалогот Косово – Србија, Ричард Гренел.

XS
SM
MD
LG