Достапни линкови

Чулев го обвини Ковачевски за изнуда од фирма што добила тендер во РЕК Битола


Васко Ковачевски, директор на ЕСМ

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев го повика Обвинителството да постапи по доказниот материјал што МВР го достави за Васко Ковачевски, актуелен директор на ЕСМ и поранешен директор на РЕК Битола. Според Чулев, Ковчевски изнудувал 250 илјади евра уцена од фирма која го добила тендерот за ископ на јаловина во РЕК за да отстапи дел од договорот на друга фирма подизведувач. Откако тоа не било прифатено, договорот бил раскинат еднострано, за што фирмата со тужба од РЕК Битола побарува 1 милион евра, пренесува Телма.

Ковачевски ги демантира ваквите обвинувања, и го обвини Чулев дека ја злоупотребува полицијата за партиски цели.

Доказниот материјал полицијата го доставила до обвинителството пред еден месец, а фирмата случајот го пријавила во МВР во февруари годинава.

XS
SM
MD
LG