Достапни линкови

Мигрант загина во бркотница со коли со полицијата во Грција


Бегалци и мигранти во Грција

Во сообраќајна несреќа на автомобил кој превезувал седум пакистански мигранти во северна Грција загинал еден мигрант, а шестмина се повредени, соопшти денеска грчката полиција.

Се верува дека мигрантите нелегално влегле од Турција и се упатиле кон Солун.

Автомобилот во кој се превезувале не застанал на полициски пункт во североисточна Грција доцна синоќа. Полицајците се обидувале да го стигнат, кога возилото изгубило контрола и се превртело.

Возачот бил 20-годишен Сириец, кој немал возачка дозвола и кој и претходно бил апсен за помали повреди на законот и за криумчарење мигранти. Претходно овој месец автомобилот со кој се превезувале бил пријавен за украден.

Грција е дел од таканаречената балканска мигрантска рута низ која годишно поминуваат илјадници мигранти кон Западна Европа.

XS
SM
MD
LG