Достапни линкови

Еден штипјанец и двајца кочанци спроведени во државен карантин поради непочитување на мерките за изолација


Поглед на Штип

Еден штипјанец и двајца жители на Кочани се спроведени во државен карантин во Скопје, бидејќи не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, објави МИА.

Полицијата претходно соопшти дека извршила контроли кај лица што се во изолација и самоизолација и утврдила дека три лица не ја почитуваат мерката за изолација, а едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

Министерот за здравство Венко Филипче, пак, рече дека на 450 луѓе не може да им бидат врачени решенијата за самоизолација и утре ќе бидат јавно објавени имињата на оние кои не сакаат да ги примат решенијата.

XS
SM
MD
LG