Достапни линкови

Филипче: викендов ќе се разговара за отворање на границите, без тестови и карантин


министерот за здравство Венко Филипче

“За време на викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, а конечната одлука за тоа би можело да биде донесена на почетокот на следната недела”, најави министерот за здравство Венко Филипче во интервју за ТВ21. Според него, со отворањето на границите во целиот регион карантинот ја губи смислата заради тоа што веќе ќе има слободен проток на граѓани, возила итн.

Димитров и Дачиќ разговараа за олеснување на ограничувањата

Тој очекува дека и сите соседи ќе покажат солидарност околу третирањето на нашите државјани кои се затекнати во нивните земји, заради тоа што, како што рече, една ваква силна пандемија со ваков ризик во сите земји е идентичен.

XS
SM
MD
LG