Достапни линкови

Приведен ривалот на Лукашенко на претседателските избори


Лидерот на белоруската опозиција Виктор Бабарико

Лидерот на белоруската опозиција Виктор Бабарико, кој важи за водечки ривал на шефот на државата Александар Лукашенко на претседателските избори во август, беше уапсен под обвинение за „измама“. "Барабико се обиде да изврши притисок врз сведоците и да ги скрие трагите на сторените кривични дела, а неодамна извлече голема сума пари од банкарските сметки“, објавија истражните органи.

Лукашенко ја распушти белоруската влада

Инспекторите велат дека Бабарико е на чело на организирана група составена од сегашни и поранешни вработени во Белгазпромбанк, што ја водел порано. Групата е одговорна за проневера и перење пари во износ од повеќе од 60 милиони долари. Бабарико беше уапсен пред да оди во изборната комисија и да ги предаде документите за кандидатура на претседателските избори. Лукашенко е на власт во Белорусија од 1994 година.

XS
SM
MD
LG