Достапни линкови

На полноќ почна изборниот молк во Србија


Изборни плакати, Белград

Предизборниот молк, пред парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија, почна на полноќ и ќе трае до затворањето на избирачките места во недела, 21 јуни, во 20 часот. Изборниот молк значи дека кандидатските листи нема да можат да се рекламираат во традиционалните медиуми, ниту да организираат предизборни митинзи, но социјалните мрежи не подлежат на овие ограничувања, каде што партиите можат да ги продолжат своите изборни активности без пречки.

Пред изборите во Србија, Вучиќ игра на кинеска карта

Повеќето од најголемите опозициски партии ќе ги бојкотираат изборите поради, како што велат, челичното влијание на претседателот Александар Вучиќ врз медиумите и изборниот процес, како и ризикот од инфекција со коронавирус на избирачките места. Вкупно 6.583.665 граѓани на Србија имаат право на глас на парламентарните избори и ќе можат да го користат своето право на глас на 8.385 избирачки места. Изборите ќе ги следат 3.341 домашни и 111 странски набљудувачи. На парламентарните избори ќе учествуваат 21 изборна листа.

XS
SM
MD
LG