Достапни линкови

Германското обвинителство ја обвини Москва за нарачување на убиство во Берлин


Архивска фотографија- Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас

Обвинителството во Германија подигна обвинение против руски државјанин за убиство на Грузиец лани во Берлин и тврди дека убиството го нарачала руската влада.

Убиството на 23 август минатата година го вознемири врските меѓу Берлин и Москва. Во декември Германија избрка двајца руски дипломати со тврдење дека не соработувалево истрагата. Германското федерално обвинителство денеска соопшти дека подигнале обвинение за рускиот државјанин идентификуван како Вадим К, алијас Вадим С. Тие наведуваат дека на некој начин пред средината на јули минатата година „државните агенции на централната влада на Руската федерација“ му дале наредба на Вадим да ја ликвидира жртвата, грузиски државјанин со чеченско потекло кој се борел против руската војска во Чеченија.

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас по соопштението на обвинителството рече дека уште еднаш го покануваат рускиот амбасадор на состанок во Министерството за надворешни работи за да и ја разјаснат својата позиција на руската страна и дека германската влада го задржува правото за идни мерки во овој случај.

XS
SM
MD
LG